САРАЕВО И МОСТАР
23 ОКТОМВРИ
САРАЕВО – ВИШЕГРАД – МОСТАР – БОСАНСКИ ПИРАМИДИ
Сараево е град со уникатна атмосфера во кој низ вековите се испреплетувале различни култури, религии и цивилизации. Токму оваа разновидност му дава посебен карактер – на едно место се среќаваат ориенталниот дух на Башчаршијата, австроунгарската архитектура и современиот градски живот. Прошетката низ Сараево е патување низ историјата, но и можност да се почувствува автентичниот дух на Босна и Херцеговина.
Програма
ДЕН 1 – 22.10.2026 четврток
- Состанок на групата во договорено време на договореното место во Скопје. Поаѓање кон Босна и Херцеговина во вечерните часови.
Следува ноќно патување преку Република Србија, со попатни паузи за одмор и задолжителни царински и гранични формалности.
ДЕН 2 – 23.10.2026 петок
- Во утринските часови пристигнуваме во Вишеград, живописен град сместен покрај реката Дрина. Вишеград е особено познат по прочуениот Мост Мехмед-паша Соколовиќ, кој бил инспирација за познатиот роман на нобеловецот Иво Андриќ – „Мостот на Дрина“.
Предвидено е слободно време за краток одмор и прошетка, по што продолжуваме кон Сараево.
По пристигнувањето следува организирано разгледување на Сараево и неговите најзначајни знаменитости. Ќе ги запознаеме историските и културните симболи на градот, меѓу кои Башчаршијата, Гази Хусрев-беговата џамија, Сарајевската катедрала, Соборната црква, Латинската ќуприја, како и познатата улица Казанџилук, препознатлива по традиционалните занаетчиски дуќани. Прошетката продолжува низ пешачкиот дел на градот, каде на мал простор се испреплетуваат траги од османлискиот период, австроунгарската епоха и модерното Сараево.
Во договорено време се упатуваме кон хотелот. Сместување и време за одмор.
Во вечерните часови, слободно време за индивидуална посета на една од познатите традиционални пивници во Сараево. Ноќевање.
ДЕН 3 – 24.10.2026 сабота
- Појадок. По појадокот следува факултативна целодневна екскурзија која започнува со посета на Бункерот на Тито, Врело Буна, Јабланица и Мостар.
Следната посета е Јабланица, место познато по историските настани од Втората светска војна. Ќе имаме можност да го видиме познатиот срушен мост над Неретва, кој останал како сведоштво за Битката на Неретва и за еден од најзначајните настани од воениот период. Потоа следи посета на Врело Буна, еден од поголемите извори во Босна.
Потоа продолжуваме кон Мостар, еден од најпрепознатливите градови во Босна и Херцеговина. Со локален водич ќе ги откриеме неговите најзначајни знаменитости, меѓу кои секако се издвојува Стариот мост, симболот на градот и неговото историско јадро.
Ќе прошетаме низ стариот дел на Мостар, покрај традиционалните занаетчиски дуќани и карактеристичната ориентална архитектура, а ќе има и слободно време за индивидуална прошетка, ручек или кафе покрај Неретва.
Во договорено време враќање кон Сараево. Ноќевање.
ДЕН 4 – 25.10.2026 недела
- Појаодк. По појадокот се упатуваме кон Високо, град познат по археолошкиот и туристичкиот комплекс на таканаречените Босански пирамиди.
Локалитетот стана познат по истражувањата на д-р Семир Османагиќ и оттогаш привлекува голем број посетители од целиот свет.
Во рамките на комплексот се наоѓаат Пирамидата на Сонцето, Пирамидата на Месечината и Пирамидата на Босанскиот Змеј, а особено внимание привлекува подземниот комплекс Равне, со мрежа од тунели и премини.
Ќе имаме можност да го посетиме подземниот дел на комплексот и да дознаеме повеќе за неговата историја, истражувањата и бројните теории поврзани со локалитетот.
Посетата на Високо е интересен спој на историја, археологија, природа и мистерија и претставува поинакво туристичко искуство.
По завршување на посетата, продолжуваме со враќање кон Скопје.
Програмата и редоследот на посетите може да претрпат промени во зависност од сообраќајот, временските услови и организациските околности.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ – 99 ЕВРА СО ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВАЦИЈА НА ПАКЕТ ЕКСКУРЗИИ – 90 ЕВРА
РЕДОВНА ЦЕНА 119 ЕВРА
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз на наведената релација
- Две ноќевања во хотел 3* во Сараево
- Посета на Вишеград
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
- Трансфер од Битола, Прилеп, Црна Река (Сирково) и Велес
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Разглед на Сараево - 15 евра
- Бункерот на Тито, Јабланица, изворот Врело Буне и Мостар – 60 евра (влезницата за бункерот се плаќа на лице место)
- Посета на Босанските пирамиди - 25 евра
- Задолжителнадоплатазатуристичкатакса 2.5 евраполицепоноќевање – се плаќа во автобус
- Патничко осигурување
ЦЕНА НА ПАКЕТ ЕКСКУРЗИИ – 90 ЕВРА ПО ЛИЦЕ
НАПОМЕНA ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 20 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
- За single соба се доплаќа дополнителни 60 евра
- Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
- Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%
- Во случај на двајца возрасни и две деца до 11,99г, децата добиваат 15 евра попуст на аранжманот а се сместуваат во две двокреветни соби или четворокреветна доколку хотелот располага со таква
- Деца до 11,99 евра добиваат 20% попуст на екскурзиите
- За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
- За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 3 месеци од денот на патувањето
- Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 20 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
- Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
- Во случај на недоволен број на патници/промена на работни саати на локалот којшто е предвиден да се посетува организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место
- За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Идеал Травел
ВНИМАНИЕ!
Лицата со попреченост мора да го најават степенот на попреченост, со сите потребни детали, од моментот на регистрација и потврда на резервацијата. Оранизаторот не претпоставува и не може да гарантира никакви специјални услуги што не можат да бидат понудени од трети лица, доколку тие не биле наведени во резервациите и во договорот за услуги.
| Дата Од | Дата До | Статус | Цена | |
|---|---|---|---|---|
| 25.10.2026 | 22.10.2026 | Активна | 6138 ден. | ПЛАТИ ОНЛАЈН |




Translate