АМАЛФИ

8 МАРТ

Програма

1
1 ден 05/03/2027 (петок) Скопје – Неапол
    Состанок на групата на скопскиот аеродром во 10:30ч. Поаѓање во 12:25 часот, пристигнување во Неапол во 14:00 часот. Трансфер од аеродром до хотел. Сместување во соби. Потоа следи разглед на градот каде секој агол раскажува своја приказна, а неговиот шарм се чувствува уште при првата прошетка. Сместен покрај тиркизните води на Неаполскиот Залив, овој италијански град плени со богата историја, впечатлива архитектура и автентична медитеранска атмосфера. Во лавиринтот од живописни улички ќе откриете величествени плоштади, стари базилики, раскошни палати и необични подземни премини што кријат тајни од минатото. Но, Неапол не се доживува само преку неговите знаменитости – тој се запознава и преку вкусовите. Од традиционални италијански специјалитети до неодоливи слатки деликатеси. А кога сте во градот што се смета за родно место на пицата, задолжително почестете се со оригинална неаполитанска пица. Враќање во хотел. Слободна вечер за одмор и прошетка. Ноќевање.
2
2 ден 06/03/2027 (сабота) Неапол – Капри
    Појадок. Денот е посветен на факултативен излет до прекрасниот остров Капри, едно од најатрактивните места во јужна Италија. Од пристаништето во Неапол се упатуваме со брз брод кон овој остров, познат по својата елеганција, кристално чистото море и спектакуларните природни глетки. По пристигнувањето во Марина Гранде, разглед и слободно време за индивидуални активности.
    (Препорака – посетете ја Анакапри, живописно место кое плени со медитеранскиот дух и автентичниот амбиент. Тука ќе имате можност да ја посетите Вила Сан Микеле, прочуена по својата историја, археолошките богатства и градината со прекрасен поглед кон морето, или да се искачите со жичарница до Монте Соларо, највисоката точка на островот, од каде што се открива неверојатна панорама на Капри и Неаполскиот Залив. Во договорено време, враќање со брод кон Наполи. Слободна вечер за индивидуални активности и одмор. Ноќевање.
3
3 ден 07/03/2027 (недела) Соренто – Позитано – Амалфи
    Појадок. Денот е предвиден за целодневна екскурзија по еден од најубавите делови на италијанското крајбрежје – прочуената Амалфиска ривиера. Поаѓање кон Соренто, од каде што се започнуваме незаборавно патување покрај брегот, познат по своите стрмни карпи, тиркизното море и живописните населби што изгледаат како да се вгнездени во планинските падини. За време на разгледот ќе уживаме во прекрасните панорамски погледи кон медитеранскиот пејзаж, а предвидена е и фото-пауза со поглед кон Позитано – едно од најфотогеничните места во Италија, препознатливо по своите шарени куќи, тесни улички и уникатна положба над морето. Ова е идеална можност да ги овековечите прекрасните глетки и да го почувствувате опуштениот дух на јужна Италија.
    Продолжуваме кон Амалфи, град со богато поморско минато и неодолив медитерански шарм, кој заедно со крајбрежјето е впишан на листата на светско наследство на УНЕСКО. По пристигнувањето следува прошетка низ историскиот центар. Слободното време можете да го искористите за да ги истражите малите улички, да посетите некоја од локалните продавници или да се опуштите во кафуле покрај плоштадот, со италијанско еспресо, освежителен лимончело или омилениот Аперол. Враќање во хотел. Ноќевање.
4
4 ден 08/03/2027 (понеделник) Неапол – Скопје
    Појадок. Слободно утро за индивидуални активности. Во договореното време тргнување кон аеродромот во Неапол. Чекирање во 12:35ч. Полетување кон Скопје во 14:35ч. Пристигнување во Скопје во 16:05ч.

ПРОМО ЦЕНА ЗА ПРВИТЕ 10 МЕСТА: 439 ЕВРА ПО ЛИЦЕ

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 499 ЕВРА

 

Во цената е вклучено:

  • Авио карта на релација Скопје – Неапол – Скопје со Wizzair со рачен багаж со димензии 40x30x20cm 10kg
  • 3 ноќевања со појадок во хотел 3* (https://www.nuovorebecchino.it/ )
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Водич на патувањето

Во цената не е вклучено:

  • Задолжителен разглед на Наполи – 15 евра
  • Чекиран багаж (при правење на резервација, инфо во агенција)
  • Целодневна екскурзија Капри – 80 евра
  • Целодневна екскурзија Соренто – Позитано – Амалфи – 80 евра
  • Патничко осигурување
  • Туристичка такса 20 евра по лице се плаќа во агенција

 

НАПОМЕНИ:

  • Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнување
  • За single соба се доплаќа дополнителни 105 евра
  • За резервација задолжителна е уплата од 50% од вкупната сума и доплата најдоцна 15 дена пред поаѓање
  • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 3 месеци од денот на патувањето
  • Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
  • Во случај на недоволен број на патници/промена на работни саати на локалот којшто е предвиден да се посетува или пак виша сила организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на НАТА и Идеал Травел    
Дата Од Дата До Статус Цена  
05.03.2027 08.03.2027 Активна 27218 ден. ПЛАТИ ОНЛАЈН