ИСТАНБУЛ 3НП

НОВА ГОДИНА

Програма

1
1 ден 30.12.2026 (среда)
    Состанок на групата на дрводекор во 15:00. Тргнување во 15:30. Се патува преку граничниот премин Богородица со попатни паузи и царински формалности.
2
2 ден 31.12.2025 (четврток)
    Планирано пристигнување во утринските часови. Во договореното време групата со локалниот водич се упатува на пешачка тура низ Аксарај преку Капали чаршија се до хиподромот каде се лоцирани Аја Софија, Сината Џамија, Јеребатан, Топ Капи и др. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел.
    Влез во хотел. (влез во хотелот е после 14:00ч) Слободно време.
    Во договореното време одиме на ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА НА БРОД – Единствени кои нудиме крстарење по најповолна цена на кое имаме можност да бидеме дел од најубавиот и единствениот огномет на Босфорот. Крстарењето со посетата на Кадикој трае отприлика 4 часа каде имаме можност да го посетиме Кадикој кој се наоѓа на Азиската страна на градот, преубава чаршија опколена со ресторани, барови, пабови, продавници.... Слободно време за вечера во Кадикој, враќање на бродот за да бидеме дел од дочекот на бродот.
    Враќање во хотел во договореното време. Ноќевање.
3
3 ден 01.01.2027 (петок)
    Појадок. По појадокот во договореното време се упатуваме на крстарење по Босфорот, каде одблизу ќе имаме можност да ги видиме сите оние луксузни вили, преубави населби, хотели каде се снимани најпознатите турски серии. 90 минутно уживање! По крстарењето одиме во посета на азиската страна на Истанбул
    По крстарењето следи посета на Азија, прво ја посетуваме џамијата на Чамлиџа. Џамијата се наоѓа на ридот Чамлиџа во населбата Ускудар во Истанбул и е видлива од поголемиот дел од центарот на градот. Комплексот вклучува уметничка галерија, библиотека и конференциска сала. Оваа џамија е најголема во Турција. Упатување кон Ускудар и слободно време. Девојачката кула се наоѓа токму во оваа населба.
4
4 ден 02.01.2027 (сабота)
    Појадок. По појадокот можност за уживање на еден од најубавиот видиковец Пјер Лоти именувано според францускиот поет. Со жичара се искачуваме до видиковецот каде ќе имате можност да го испиете утринското Турско кафе направено на топол песок и пробате Ѓозлеме. Откако ќе завршиме со разгледот, во договореното време се упатуваме во една од најживопсните населби со шарен шмек поради нејзините куќички и сокачиња, населбата Балат. Во склоп на оваа населба се наоѓа и Вселенска патријаршија. Слободно време за индивидуални активности и прошетка низ една од најинстаграмџиската населба во Истанбул.
    Враќање во хотел. Слободно време за одмор.
    Во попладневните часови планирана е посета на Ортакој и Таксим. Во договорено време се упатуваме кон прекрасниот Ортакој, една од најубавите населби во областа Бешикташ, која се наоѓа под големиот Босфорски мост. Нема слика или разгледница од Истанбул каде не е овековечено ова место, кое е опкружено со многу кафетерии, ресторани, продавнички, сувенирници. Местото кое е најпознато по својот специјалитет – компир. (препорака) Слободно време за сликање и прошетка. Во договореното време одиме на најпознатиот плоштад Таксим, местото кое живее 24 часа, заедно со улицата Истиклал долга 2 километри каде од сите страни се наоѓаат продавници, кафулиња, ресторани а крајот на улицата го краси прекрасната Галата кула. Слободно време за прошетка и уживање. Во вечерните часови враќање во хотел. Ноќевање.
5
5 ден 03.01.2027 (недела)
    Појадок. По појадокот, спакувани, одјавени се упатуваме кон продавница за слатки каде ќе имаме можност да купиме турски деликатеси по најниски цени. Потоа следи шопинг во трговскиот центар Форум Истанбул. Слободно време за шопинг, ручек и во договореното време тргнување кон Македонија. Пристигнување во Македонија во утринските часови на 04.01.2027 (понеделник).

ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 169 ЕВРА ПО ЛИЦЕ

Редовна цена: 199евра

 

Во цената е вклучено:

- 3 ноќевања со појадок во хотел 3* во Аксарај/Лалели

- Автобуски превоз

- Посета на продавница за слатки

- Посета на трговскиот центар Форум

- туристички пратител за време на патувањето

 

Во цената не е вклучено:

- Задолжителна туристичка такса 2 евра по лице на ден (се плаќа во автобус)

- Задолжителна доплата за пешачка тура на стариот дел на Истанбул – населбатата Аксарај – 10 евра по лице и за возрасни и за деца од 5 години (се плаќа во автобус)

- Патничко осигурување

- трансфер Битола, Прилеп, Црна Река (Сирково) – 10 евра по лице

- Индивидуални трошоци

- Факултативни излети:

-          Топ Капи палататасо харемот разглед со водич – цена дополнително

-          ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА – 60 ЕВРА (превоз до пристаниште и назад, ноќно крстарење и посета на Азија)

-          Пјер Лоти и населбата Балат (превоз, локален водич и жичара во еден превец) – 25 евра

-          Населбата Ортакој и Таксим (превоз и локален водич) - 20 евра

-          Крстарење на Босфор (превоз и локален водич) - 20 евра

-          Посета на Азија – Чамлиџа џамијата, Ускудар (превоз и локален водич) – 25 евра

-          Ноќно крстарење со турска традиционална забавна вечера, неограничени алкохолни пијалоци – цена дополнително

 

Силвер пакет – 60

-          Крстарење по Босфор

-          Посета на Азија

-          Балат и Пјер Лоти

 

Голден пакет – 80 евра

-          Таксим и Ортакој

-          Крстарење по Босфор

-          Балат и Пјер Лоти

-          Посета на Азија

 

Премиум пакет – 140 евра

-          Дочек на Нова Година

-          Таксим и Ортакој

-          Крстарење по Босфор

-          Балати Пјер Лоти

-          Посета на Азија

 

НАПОМЕНИ:

-          За single соба се доплаќа дополнителни 75 евра од аранжманот

-          Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот

-          Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%

-          Во случај на двајца возрасни и две деца до 11,99г, децата добиваат 15 евра попуст на аранжманот а се сместуваат во две двокреветни соби или четворокревeтна доколку хотелот располага со таква

-          Деца до 11,99 евра добиваат 20% попуст на екскурзиите

-          За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето

-          За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

-          За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 6 месеци од денот на патувањето

-           Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

-          Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

-          Во случај на недоволен број на патници/промена на работни саати на локалот којшто е предвиден да се посетува организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место

-          За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Идеал Травел           

 

ВНИМАНИЕ!

Лицата со попреченост мора да го најават степенот на попреченост, со сите потребни детали, од моментот на регистрација и потврда на резервацијата. Оранизаторот не претпоставува и не може да гарантира никакви специјални услуги што не можат да бидат понудени од трети лица, доколку тие не биле наведени во резервациите и во договорот за услуги.

 

Дата Од Дата До Статус Цена  
30.12.2026 03.01.2027 Активна 10478 ден. ПЛАТИ ОНЛАЈН